24фудбал

BET-IBC совети за обложување: Манчестер јунајтед ја отвара новата сезона против Лестер, Мурињо со „крпен“ состав атакува на победа

Возбудувањата од новата сезона во Премиерлигата започуваат на Олд Трафорд каде Манчестер јунајтед го пречекува Лестер, домаќините имаат доста проблеми на стартот

Останато

Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.

Манчестер јунајтед – Лестер: Помалку од 2,5 погодока

Започнува новата сезона од Премиерлигата а на отварањето се среќаваат Манчестер јунајтед и Лестер. Жозе Мурињо со големи фрустрации влегува во мечот откако управата на клубот му донесе само едно големо засилување во името на Фред од Шахтар. „Специјалниот“ бараше уште две засилувања, како одминуваше времето велеше дека ќе биде задоволен и со едно, но на крајот никој не пристигна на Олд Трафорд. Па Португалецот ќе треба да атакува на титулата со речиси истиот состав од минатата сезона. Но за вечерашната пресметка на Олд Трафорд тој ќе има доста проблеми бидејќи надвор од стројот поради повреда се Немања Матиќ, Антонио Валенсија, Андер Ерера, Маркос Рохо, Серхио Ромеро и новајлијата Диого Далот. Проблеми со фитнесот имаат Ромелу Лукаку, Пол Погба, Маруан Фелаини, Џеси Лингард и Ешли Јанг откако добија продолжен одмор по настапот на Светското првенство. Слични, но далеку помали проблеми има и Клод Пуел на спротивната страна, Џејми Варди и Хари Мегвајер се неизвесни по настапот со Англија на Светското првенство. За „Лисиците“ проблем може да биде и тоа што останаа без еден од најдобрите играчи, Ријад Марез ова лето го засили Манчестер Сити. Рашид Гезал од Монако е донесен како негова замена, но Алжирецот најверојатно мечот ќе го почне од клупата за резерви. Во старниот состав место би требало да има за двете големи летни засилувања, Џејмс Медисон и Рикардо Переира. Лестер само еднаш го има победено Манчестер јунајтед на последните 18 пресметки во Премиерлигата, а за последен пат на Олд Трафорд „Лисиците“ се радувале на триумф во 1998 па не случајно избраниците на Жозе Мурињо влегуваат како големи фаворити и покрај сите проблеми. „Специјалниот“ исто така знае како да победува на стартот, Португалецот никогаш нема загубено на воведниот натпревар во Премиерлигата (осум победи и едно реми). Со оглед на тоа дека двата тима се уште не се во топ форма, за очекување е побавно темпо и натпревар со малку погодоци.

Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Марсеј – Тулуз: Победа на домаќините

Марсеј и Тулуз ја креваат завесата на новата сезона од најсилното првенство на Франција. Руди Гарсија ќе треба да експериментира малку за овој меч особено во одбраната со оглед на тоа дека Адил Рами беше на продолжен одмор по триумфот со Франција на мундијалот, а истото важи и за летното засилување, Дује Чалета Цар кој со „Коцкестите“ стигна до финале. Роландо се опоравува од тешката повреда на Ахиловата тетива и ќе биде надвор од комбинација до декември. Домаќините вчера останаа и без клучен играч од средниот ред откако Замбо Агиса беше продаден на Фулам за преку 30 милиони евра, под знак прашалник е и најдобриот играч од минатата сезона, Флориан Тован, кој оваа недела почна да тренира бидејќи беше на должност со „Триколорите“ во Русија. Марсеј не играше сјајно на подготовките, забележа само една победа на седум меча. На последната контролка доживеа тежок пораз од Борнмут од 5-2 и Руди Гарсија призна дека не е задоволен од она што го гледа, особено од играта во дефанзива. Нивниот вечерашен противник, Тулуз пак беше прилично зафатен ова лето на трансфер пазарот и донесе неколку нови имиња со цел да не се повтори минатата сезона, кога преку бараж меч против Ажаксио обезбедија опстанок. За очекување е најголем дел од засилувањата веднаш да се најдат во стартниот состав. Фаворитската улога им се препишува на домаќините со оглед на тоа дека Тулуз има само една победа на последните 21 дуели со Марсеј во Лиг 1. Тулуз исто така не може да се пофали и со голем успех на отварањето на сезоната во последните шест сезони, каде оствариле само еден триумф. Марсеј беше прилично сигурен на домашен терен минатаа сезона, па за очекување е со три бода да го отворат шампионатот.

Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со BET-IBC.