24фудбал

Перишиќ го пречека Врсаљко и го прозва Модриќ на Инстаграм, фудбалерот на Реал веднаш одговори (ФОТО)

АС пренесе дека Лука Модриќ решил да остане во Реал Мадрид, но тоа не ги спречи хрватските репрезентативци од Интер да сугерираат дека нивниот сонародник треба да пристигне на „Џузепе Меаца“

Италија

Лука Модриќ денеска требаше да се сретне со Флорентино Перез, средба по која ќе се знае дали тој останува во Реал Мадрид или пак ќе се пресели во Интер.

Се уште нема информации како поминал состанокот, но според пишувањата на АС, Лука Модриќ решил да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и да продолжи да го носи дресот на „Кралевите“.

Сепак ваквите информации не ги спречи хрватските репрезентативци од Интер да сугерираат дека нивниот сонародник треба да пристигне на „Џузепе Меаца“.

Иван Перишиш на Инстаграм објави фотографија со Марсело Бросовиќ и новото засилување Шиме Врсаљко, му посака добредојде на десниот бек и праша: „Кој недостасува?“.

На сите им е јасно дека станува збор за Лука Модриќ, а дури и самиот фудбалер на Реал Мадрид реагираше и ја лајкна објавата.