24фудбал

Марка: Модриќ ќе го обнови договорот со Реал и ќе заработува колку Рамос

По АС се огласи и вториот мадридски весник близок до „Кралевите“, Марка пренесе дека Лука Модриќ ќе стави потпис на нов договор и ќе заработува колку капитенот Серхио Рамос

Шпанија

Лука Модриќ нема да замине од Сантијаго Бернабеу според тврдењата на шпанските медиуми.

Откако АС најави дека Хрватот останува, вечерва се огласи и вториот мадридски весник близок до „Кралевите“.

Марка пренесе дека фудбалерот од средниот ред ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид и ќе заработува исто колку и капитенот Серхио Рамос, односно ќе има плата од 10 милиони евра по сезона, исто колку што му нуди и Интер.