24фудбал

По двете асистенции стигна и голот првенец, Алиоски ја затресе мрежата на Дерби (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски го постигна првиот гол за Лидс во новата сезона од Чемпионшип, Македонецот со глава го матираше голманот на Дерби за убедливи 1-4

Англија

Лидс игра одлично на стартот од сезоната, под водство на Марсело Бјелса популарните „Бели“ имаат две победи и седум постигнати гола.

За добрите резултати свој придонес даде и Езгјан Алиоски, Македонецот асистираше во победата од 3-1 над Стоук во водениот меч, а денеска против Дерби најпрво забележа нова асистанција а потоа и го матираше голманот на домаќините.

Пабло Ернандез одлични спаси една топка од гол-аут, а Алиоски реагираше како расен стрелец и со глава ја затресе мрежата за водство од 1-4.