24фудбал

Или Роналдо не знае што сака или тие не знаат што пишуваат

Медиумите му препишаа нова улога на Кристијано Роналдо во Јувентус, ЦР7 станал „главен скаут“ и делел совети кој играч да биде ангажиран, на листата со желби се нашле Сергеј Милинковиќ Савиќ и Пол Погба

Италија

Шпанскиот „Дон Балон“ реши да го вметне Кристијано Роналдо во трансфер шпекулациите за Јувентус. Пред неколку дена беше објавено дека ЦР7 дал „наредба“ до управата на „Старата Дама“ да биде ангажиран Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио.

Вчера „Дон Балон“ излезе со нова бомба, наводно Кристијано Роналдо сега го побарал Пол Погба откако слушнал дека Французинот може да се пресели во Барселона.

ЦР7 не го заборава ривалството со Лео Меси, па не сака Пол Погба да ги засили „Каталонците“ и бара Јувентус да стори се што може за да го донесе фудбалерот од средниот ред во Торино.

Интересот на „Бјанконерите“ за Пол Погба и Сергеј Милинковиќ Савиќ не е нов, со месеци се пишува дека Јувентус може да тргне по некој од нив но само доколку биде продаден Миралем Пјаниќ.