24фудбал

ПСЖ ќе го одврзе ќесето за ѕвезда на Тотенхем

Томас Тухел сака големо засилување во средниот ред, наводно прва опција е фудбалер на Тотенхем, за кого тимот од Париз би издвоил висока сумз .

Франција

Повеќе медиуми објавија дека ПСЖ веќе има подготвено понуда во висина од 100 милиони фунти за ангажман на Кристијан Ериксен, Данецот од редовите на Тотенхем.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Маурицио Покетино, шефот на стручниот штаб на Тотенхем е против продажба на Ериксен, особено од фактот што неговиот тим преодниот рок го помина без ниту еден трансфер, па од тука, нема простор за пополнување на дупки во тимот, доколку дојде до такво нешто.

ПСЖ беше доста тивок овој преоден рок, а тоа најмногу се должи на проблемите со кои можеше да се соочи тимот од Париз околу финансискиот фер-плеј, па единствено го ангажираше искусниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, но како слободен играч на трансфер пазарот.

Преодниот рок за трансфери во Премиерлигата заврши минатиот четврток, а истиот во Лиг 1 трае до 31. август.