24фудбал

Манџукиќ ја заврши репрезентативната кариера

Долгогодишниот напаѓаќ на Коцкестите реши да стави точка на своите репрезентативни настапи, селекторот Далиќ со реакција по таа негова одлука.

Останато

Хрватска испиша историја во својот фудбал откако на последното одиграно Светско првенство успеа да се пласира во големото финале каде на крајот беше сопрена од Франција, дел од тој огромен успех на Коцкестите беше и Марио Манџукиќ, кој денес одлучи да стави точка на своите настапи за Хрватска.

32 годишниот напаѓач испрати порака на социјалните мрежи велејќи дека му била голема чест што играл за националниот тим на таа земја, и дека во иднина ќе биде најверен навивач, а со реакција се огласи и селекторот Златко Далиќ.

Секогаш повеќе сакав да говорам на теренот, отколку вон него, со тоа овие зборови ми доаѓаат малку потешки отколку да направам старт врз противник или да истрчам спринт во 120 минути“ беа дел од зборовите на напаѓачот.

Се повлече во голем стил, со три гола во елиминационата рунда од Светското првенство, со таа сребрена медала како огромно достигнување во неговата кариера. Му благодарам за сешто стори во дресот на нашата репрезентација, зад него е успешна репрезентативна кариера“ рече Далиќ.

Манџукиќ за Коцкестите дебитираше во 2007. година, постигна 33 погодоци на 89 натпревари, на листата на стрелците на таа селекција е веднаш зад легендарниот Давор Шукер со 45 погодоци.