24фудбал

Бомба од Аргентина, Меси заврши со „Гаучосите“ за оваа година, иднината е под знак прашалник!

Медиумите од Аргентина пренесуваат дека Лео Меси нема одново да го облече националниот дрес оваа година, а под знак прашалник е и неговиот настап во иднина

Останато

Лео Меси нема да настапи за „Гаучосите“ на пријателските натпревари против Гватемала и Колумбија во САД, како што пренесе „ТНТ Спортс“, фудбалерот на Барселона го известил привремениот селектор дека оваа година повеќе нема да го носи дресот на националниот тим.

Новинарот Ернан Кастиљо пишува дека Лео Меси бил подготвен да се раздели со репрезентацијата, но добриот однос со првиот човек на федерацијата, Клаудио Тапија придонела играчот да остави простор за настап од следната година па понатаму.

Останува да се види каква ќе биде конечната одлука на фудбалерот во 2019, се говори дека многу работи ќе зависат од тоа кој ќе биде новиот селектор како и проектот на Фудбалската федерација на Аргентина.