24фудбал

Каков проектил на Елмас од 30. метри, малку фалеше да постигне прекрасен гол (ВИДЕО)

Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути за Фенербахче во натпреварот против Бенфика кој заврши 1-1 по што турскиот тум доживеа елиминација.

Лига на Шампиони

Еден од најдобрите потези на натпреварот беше токму на Елмас, тој во првото полувреме имаше фантастичен шут од далечина, но гостинскиот голман успеа со крајни напори да го скроти неговиот шут и да спречи изеначување.