24фудбал

Сари исфрлил две правила на Конте кои фудбалерите на Челси ги мразеле

Методите на Маурицио Сари повеќе им се допаѓаат на фудбалерите на Челси откако оние на Антонио Конте.

Англија

Маурицио Сари има поинаков пристап од Антонио Конте. Новиот тренер на Челси смета дека со полабав режим ќе ги направи фудбалерите посреќни, а тоа ќе се одрази на тренинзите и ќе донесе резултати.

Според „Телеграф“, Сари исфрлил две правила на Конте кои не им се допаѓале на играчите. Тој го олабавил режимот на исхрана кој бил многу ригорозен и го укинал правилото ноќта пред секој домашен меч да се престојува во хотел.

Англискиот весник објаснува дека овие две правила не им се допаѓале на играчите и тие биле главниот фактор кој створил незадоволство меѓу играчите кој подоцна донесе и тренерска промена.

Пред извесно време и Вилијан изрази задоволство од работата на Сари.

Челси имаше одличен старт на сезоната победувајќи го Хадерсфилд со 3-0 во гости. Во сабота тие го пречекуваат Арсенал во лондонското дерби.