24фудбал

Сите двојки за плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите

Познати се сите двојки во последната рунда од квалификациите за групната фаза во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Дванаесет екипи ќе се борат за шест места од главната фаза во елитното клупско натпреварување. Слацбург кој ја елиминираше Шкендија ќе игра против Црвена звезда.

Македонија во плејофот нема екипа, но имаме двајца репрезентативци, Адеми со Динамо Загреб и Бобан Николов од унгарскиот тим МОЛ Види.

Победниците од овие дуели ќе обезбедат пласман во Лигата на шампионите, а поразените ќе играат во групите од Лига Европа.

Двојки за плејофот во ЛШ:

Црвена звезда - Салцбург

БАТЕ Борисов - ПСВ

Јанг Бојс - Динамо Загреб

МОЛ Види - АЕК

Бенфика - ПАОК

Ајакс - Динамо Киев