24фудбал

Зидан ќе биде следниот тренер на Манчестер јунајтед?

Според „Л'Екип“, Зинедин Зидан би можел да биде следниот тренер на Манчестер јунајтед, не се исклучува можноста до промена да дојде и во текот на оваа сезона.

Англија

Според францускиот весник, Зидан би можел да биде наследникот на Мурињо на Олд Трафорд.

Голем дел од навивачите на Манчестер јунајтед не се задоволни од играта на нивниот тим под водство на Мурињо, а се шпекулира дека незадоволство има и кај некои од фудбалерите.

Манчестер јунајтед веќе размислува за наследникот на Мурињо, но до тренерска смена може да дојде само доколку во новата сезона дојде до резултатска криза.

Зидан кој три пати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите со Реал Мадрид, сега е на одмор откако си поднесе оставка од кормилото на кралскиот клуб.