24фудбал

Рамос е зачуден од една изјава на Роналдо

На Серхио Рамос не ми е јасна една од последните изјави на Кристијано Роналдо во која говори за заедништвото во тимот.

Шпанија

Роналдо изјави дека Јувентус е поинаков во однос на Реал Мадрид кога станува збор за заедништвото, на Рамос не му се допаднаа ваквите коментари на Португалецот.

„Не ми е јасно што сакаше да каже Кристијано со тие коментари“, изјави Рамос.

„Мадрид секогаш бил како фамилија, тоа чувство е многу значаен дел од нашите успеси и не сум сигурен што му значи таквата изјава, не знам дали зборува за соблекувалната или за врвот во клубот“.

„Заминувањето на Кристијано секако дека не е добро за нас, но овој клуб секогаш одел понатаму и ќе продолжи да освојува трофеи, мотивацијата никогаш нема да престане“.

„Тој е еден од многуте големите фудбалери кои го напуштиле Мадрид и клубот продолжувал да биде уште посилен, замина и Зинедин Зидан, им посакуваме се најдобро но се надеваме дека тоа нема да влијае на нас“.

„Замена за Роналдо? Тоа е одлука на претседателот, не на нас. Ние секогаш велиме дека вратата е отворена за нови доаѓања но многу поважно е да го имаме вистинскиот менталитет отколку да дојде некој нов играч“.