24фудбал

Од Бристол најавија истрага: Фановите во барот од стадионот на полувремето добија канал за возрасни (ВИДЕО)

Чудна ситуација на паузата од синоќешниот меч кој се одигра во рамките на англискиот Лига Куп, клубот најави истрага, се шпекулира дека станува збор за хакирање на системот.

Англија

Бристол Роверс со победата од 2-1 на домашен терен над Кревли Таун обезбеди место во втората рунда натпревари од англискиот Лига Куп,но, тоа што се случи во барот од стадионот за време на полувремето од средбата, многумина ги насмеа, но, не и претставниците на клубот домаќин.

За време на паузата, во барот од арената каде беа сместени фановите за момент на ТВ екраните се појави канал за возрасни, многу реакции со исмејување имаше на ова, а со своја реакција се јави и Бристол Сити, ривалот на Бристол Роверс, кој напиша „Ние не можеме да ви ветиме вакво нешто, извинете, нашите телевизори имаат контрола“, но од Бристол Роверс очигледно не им е до шега, па најавија истрага за случајот.

Како клуб имаме одлична опрема во клупските простории, местото каде се собираат фановите има 14-15 нови ТВ уреди, се сомневам дека некој го хакирал нашиот систем, ќе разговараме со нашите вработени по ова прашање за да дознаеме што точно се случи“ изјави Стив Хамер, првиот човек на клубот.