24фудбал

Ангеловски: За 500 евра открив еден голем фудбалски талент

Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија во интервју за турски „Скор“ откри една досега непозната сторија за ѕвездата на Фенербахче.

Македонија

Елиф Елмас несомнено е веќе ѕвезда на турскиот гигант Фенербахче, дека станува збор за фудбалер со расконешен талент повеќе нема дилеми, а радува тоа што новиот тренер на тимот од Истанбул, Филип Коку му дава многу поголема шанса за докажување во однос на тоа што Македонецот го добиваше од Ајкут Коџаман претходно.

Тинејџерот синоќа и на реваншот против Бенфика ги одигра сите 90 минути, а неговата екипа не успеа да продолжи во плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите, така, продолжи во плејофот од квалификациите за Лига Европа, но, имаше импресивно издание по кое доби големи пофалби на своја адреса.

Турски „Скор“ направи интервју со македонскиот селектор Игор Ангеловски, а во истото беше откриена една досега непозната сторија за нашата голема фудбалска надеж.

Додека бев во Работнички, Елиф играше за Тефејуз, тим составен од турските училишта. Се обидував да го убедам претседателот да го купи Елиф, тој рече дека нема да даде 500 евра за дете на таа возраст, конечно на крајот успеав во таа намера и го открив Елиф за 500 евра. Откако станав тренер на тимот, го внесов Елиф на теренот и му дадов шанса во првиот состав на негова 16 годишна возраст, му верував многу“ издвои Ангеловски кој додаде дека нашиот фудбалер би можел да биде новиот Модриќ во светскиот и европски фудбал.

Елиф е фудбалер со потенцијал како оној на Модриќ, Модриќ играше во Динамо Загреб на таа возраст, Елиф игра во многу поголем клуб, многу подобар во однос на тој во кој играше Модриќ на тие години“ додаде Ангеловски.