24фудбал

Или Модриќ или никој друг

Утре завршува преодниот рок во Италија, а Интер се уште се надева дека во последен момент може да стигне до потпис со Лука Модриќ.

Италија

Информациите од Италија велат дека Интер е комплетно фокусиран на трансфер на Модриќ и нема да купи друг фудбалери доколку Реал Мадрид одбие да им го продаде Хрватот.

Се шпекулираше дека ќе го обноват интересот за Рафиња или Леандро Паредес, но тоа нема да се случи, или ќе го купат Модриќ или никој.

Трансферот зависи од добрата волја на претседателот на Реал Мадрид, Флорентоно Перез, но таква волја засега не постои. Кралскиот клуб одбива дури и да преговара за Модриќ.

Модриќ и неговите агенти ќе се обидат уште еднаш да го убедат Перез да му дозволи на Хрватот да се пресели во Интер, но мисијата ќе биде тешка особено затоа што Реал Мадрид нема пронајдено соодветна замена.

Како потенцијални замени се поврзуваа Ериксен, но Тотнем бара фантастични 200 милиони евра за него, друга опција е Пјаниќ, но информациите велат дека тој ќе потпише нов договор со Јувентус.

Преодниот рок во Италија завршува утре (петок) во 20 часот. Тогаш најдоцна ќе заврши трансфер сагата на Лука Модриќ, останува да видиме како.