24фудбал

Давид Бабунски не е веќе член на Јокохама

Македонскиот фудбалер, Давид Бабунски заврши со Јокохама, двете страни се договорија да ја прекинат соработката.

Македонија

Давид Бабунски се почесто беше надвор од тимот на Јокохама, па разделбата меѓу двете страни се чини дека беше неминовна. Македонскиот фудбалер преку социјалните мрежи го потврди заминувањето од Јапонија.

„За жал мојот период во Јокохама заврши. Мислев дека исходот ќе биде поинаков, но таков е животот на професионалците. Благодарен сум му на клубот што ми даде шанса да играм во една земја како што е Јапонија. Им се заблагодарувам на навивачите кои уживаа во моите игри одиграни во дресот на Јокохама и постојано ме бодреа. Никогаш нема да ги заборавам. Им се заблагодарувам на тренерите, соиграчите, преведувачите, медицинскиот тим, на сите во клубот Маринос. Навистина сум благодарен. Ќе се молам за среќа на клубот во оваа сезона и во иднина“, напиша Бабунски.

Тој за Јокохама одигра 38 натпревари, даде три гола и имаше пет асистенции.

24-годишниот фудбалер како слободен агент ќе побара нов клуб, останува да видиме кој ќе биде неговиот следен предизвик.