24фудбал

Моментот кога Кеита Балде на 10 години тренираше со Самуел Ето (ВИДЕО)

Фановите на Нероаѕурите сигурно очекуваат многу од Сенегалецот кој ќе има можност повторно да игра во Италија, претходно го носеше дресот на Лацио, а едно доста интересно видео кружи низ социјалните мрежи поврзано со него.

Италија

Интер ланската сезона се избори за оваа сезона да биде дел од елитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите, со тоа тимот од Милано сериозно се засили ова лето, па во своите редови доведе неколку квалитетни фудбалери, како Наинголан, Врсаљко, Де Вриј, Асамоа, Кеита Балде...

За 23 годишниот Балде кој во Милано дојде од Монако како позајмен фудбалер на една сезона, со опција и за целосно откупување на неговиот договор за 5 милиони евра, кружи едно доста интересно видео низ социјалните мрежи.

Станува збор за моментот кога Сенегалецот се запозна со поранешната ѕвезда на Барселона, како и Интер, Самуел Ето, видно импресиониран, Балде имаше можност да покаже што знае и умее со топката на свои 10 години.