24фудбал

Лион испрати понуда за Елмас, Фенербахче експресно ја одби

Македонскиот репрезентативец е во нотесот на неколку европски гиганти, а Лион веќе е доста конкретен, но за да дојде до неговиот потпис ќе треба добро да го одврзе ќесето.

Македонија

Елиф Елмас имавме можност да го проследиме во квалификациите за Лигата на шампионите, имаше два квалитетни настапи против Бенфика, но Фенербахче не успеа да продолжи во плејофот, па ќе се задоволи со плејоф од квалификациите за Лига Европа, за спас на сезоната во европските натпреварувања.

Интересот за 18 годишниот македонски репрезентативец е огромен, постојано се впишува во нотесот на европските гиганти, а како што пренесуваат дел од медиумите во Турција, Лион е сериозно загреан да го види во своите редови.

Според пишувањата во тамошните медиуми,францускиот прволигаш кој добро знае да работи со млади таленти, испратил понуда во висина од 8 милиони евра до тимот од Истанбул, но истиот ја одбил од причина што Фенербахче не сака ниту да чуе за понуда под 23 милиони евра, онолку, колку што изнесува откупната клаузула за Македонецот.

Елмас веќе добива голема доверба кај холандскиот стратег Филип Коку, истата ја оправдува, на свои 18 години веќе се издвојува како предводник на турскиот гигант.