24фудбал

Крос со коментар за повлекувањето на Озил од селекцијата на Германија

Фудбалерот на Реал Мадрид има свој став по прашањето со Месут Озил, фудбалерот кој по бранот критики на негова адреса по неуспехот на Мундијалот, рече дека кога Германија победува велат дека е Германец, но кога тимот губи, тој е имигрант.

Германија

Германија не мина славно на Светското првенство во Русија, а бранителот на светскиот трофеј доживеа елиминација уште во групната фаза, веднаш потоа Месут Озил одлучи да се повлече од националниот тим, а како причина за таа негова одлука наведе расизам и непочитување, откако доби бројни критики поради фотографијата со претседателот на Турција,  Реџеп Таип  Ердоган.

Тони Крос во изјава за Билд ја критикуваше постапката на неговиот веќе екс соиграч од редовите на Панцирите, за дел од соопштението кое Озил го упати во јавноста рече дека е на вистинска адреса упатено, но, останатото биле зборови без никаква смисла, особено оние во кои беше наведено дека постои расизам.

Месут има големи заслуги во националниот тим, заслужи подобро заминување од ова. Но, начинот на кој се повлече не беше правилен. Делови од неговото соопштение упатено до јавноста беа на вистинска адреса упатени, но истите останаа во сенка на многу поголемите зборови без смисла. Мислам дека тој многу добро знае дека расизам не постои ниту во националниот тим на Германија, ниту во фудбалскиот сојуз“ рече Крос.