24фудбал

Меси посочи која е главната цел на Барселона за оваа сезона

Аргентинецот имаше свое обраќање до фановите на Камп Ноу арената пред стартот на мечот со Бока Јуниорс кој Каталонците го добија со 3-0, а Меси беше стрелец на еден гол од средбата.

Шпанија

Барселона имаше доминација во Шпанија минатата сезона, но, Каталонците не можат да се пофалат со успех лани во Лигата на шампионите, откако Рома со чудесен пресврт им нанесе тешка елиминација уште во четвртфиналето од тоа натпреварување.

Новиот капитен на Каталонците и прва ѕвезда на тимот, Лионел Меси истакна дека главната цел на неговата екипа во новата сезона е трофеј во Лигата на шампионите, нешто, што фановите на тој клуб чекаат три години.

Минатата сезона беше премногу успешна, го освоивме Купот и Примера, но вистина е дека бевме многу разочарани поради елиминацијата во  Лигата на шампионите од Рома во четвртфиналето, посебно на начинот на кој испаднавме...“ рече Аргентинецот.

Новите фудбалери во нашиот состав ќе ни помогнат да бидеме уште подобри, донесоа голем квалитет во нашата екипа, мораме да ветиме дека ќе дадеме максимум од себе да го донесеме пехарот од Лигата на шампионите на Ноу Камп“ додаде тој.