24фудбал

Хет-трик на Тричковски, АЕК Ларнака со голема победа се пласира во плејофот (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер, Иван Тричковски имаше уште еден фантастичен меч против Штурм, ако во Австрија даде два гола, денеска во Кипар постигна три.

Лига Европа

АЕК Ларнака со убедливи 5-0 го победи Штурм и се пласираше во плејофот за пласман во групната фаза од Лига Европа.

Иван Тричковски и на овој меч беше главен на теренот, сега постигна три од петте гола. 

Во осмата минута го отвори натпреварот, во 67. погоди за 3-0, а на десет минути пред крајот реализираше за 4-0.

Во плејофот ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Тренчин и Феенорд. Тренчин има предност од 4-0 по првиот меч.