24фудбал

Одложени дуелите Сампдорија-Фиорентина и Милан-Џенова

Серија А го прифати барањето на Сампдорија и Џенова да се одложат нивните мечеви против Фиорентина односно Милан овој викенд по големата трагедија и урнатиот мост во Џенова

Италија

Мостот Понте Моранди во близина на Џенова се урна во вторникот наутро и до сега се потврдени 38 жртви и десетици повредени лица, а се очекува бројката на починати лица да порасне во следните денови.

Големата трагедија придонесе Серија А да одложи два меча од воведното коло во новата сезона.

Па овој викенд нема да се игра дуелот помеѓу Сампдорија и Фирентина како и пресметката помеѓу Милан и Џенова.