24фудбал

Олимпија го понижи Хелсинки, деби гол за Аврамовски (ВИДЕО)

Македонецот активно учествуваше во убедливиот триумф на неговиот тим, ги одигра сите 90 минути, а Олимпија Љубљана е на еден чекор до групите од Лига Европа.

Македонија

23 годишниот македонски интернационалец од редовите на Олимпија Љубљана, Даниел Аврамовски го постигна дебитантскиот гол во дресот на словенечкиот прволигаш.

Откако го доби првиот меч со убедливи 3-0 пред своја публика, Олимпија на гости во реваншот денес славеше со 1-4 и со вкупен резултат од 7-1 го понижи својот противник со што избори дуел со Спартак Трнава во плејофот од квалификациите за место во групите од Лига Европа.

Нашиот Аврамовски беше стрелец на голот за 0-2 во 72. минута откако успеа да искористи невнимателност во одбраната во казнениот простор на домаќините, ова е негов прв, дебитантски гол на официјален меч во дресот на Олимпија Љубљана откако летово се врати од Војводина каде настапуваше како позајмен фудбалер.


(голот на Аврамовски на 4,05)