24фудбал

Пресврт за паметење, Зенит и со играч помалку надоплни негатива од 0-4 и славеше со 8-1 (ВИДЕО)

Зенит го приреди еден од најголемите кам-бекови во фудбалот откако вечерва со 8-1 го доби реваншот против Динамо Минск и ја надополни негативата од 0-4 од првиот меч

Лига Европа

Динамо Минск приреди големo изненадување минатата недела и забележа победа над фаворитот од Санкт Петербург совладувајќи го со убедливи 4-0 пред своите фанови.

Зенит сепак не се предаде и вечерва имаше пресврт за паметење. Откако Нобоа донесе предност од 2-0 во 66. минута, набрзо домаќините останаа со играч помалку бидејќи Паредес заработи втор жолт картон. Но иако имаше фудбалер помалку, Зенит се избори за продолженија откако Дзјуба за три минути два пати ја тресеше мрежата на противникот.

Динамо Минкс прв зададе удар во дополнителните 30 минути, но ниту тоа не ги ги скрши фудбалерите на Зенит кои потоа постигнаа четири погодоци. Најпрво Дриуси погоди во 109. минута, пота следуваше нов гол на Дзјуба, за Мак да реализра два пати во 122. и 123. минута за убедливи 8-1 и еден од најголемите кам-бекови во фудбалот.