24фудбал

Милан подготвува бомба за крај на трансфер пазарот, го купува Милинковиќ Савиќ!?

Денес е последниот ден од трансфер пазарот во Серија А а медиумите шпекулираат дека тој може да биде затворен со бомба и преселба на Сергеј Милинковиќ Савиќ на Сан Сиро

Италија

„Росонерите“ оваа недела веќе ги ангажираа Тимуе Бакајоко, Саму Кастиљехо и Диего Лакстал и се чинеше дека со ова Леонардо го комплетираше составот за новата сезона.

Но доцна синоќа почнаа да кружат гласини дека Милан во последниот ден ќе се обиде да донесе ново име и тоа ќе биде бомба. Финансискиот весник „Ил Соле 24 Оре“ пренесе дека клубот од Сан Сиро го договорил Сергеј Милинковиќ Савиќ и постигнал согласност со Лацио за едногодишна позајмиц вредна 40 милиони евра и опција следното лето да го купат Србинот во целост.

Утрово на оваа сторија се надоврзаа и „Газета дело Спорт“ и „Тутоспорт“, но и двата весника пишуваат дека Милан е далеку од СМС бидејќи нуди играчи во замена (Бонавентура и Борини) додека пак Лацио инсистира само на кеш.

Калчомеркато пак пренесува дека Милан резервирал медицински прегледи за денеска во клиниката Ла Мадонина, но се уште е непознато за кој играч станува збор.

Покрај името на Сергеј Милинковиќ Савиќ се шпекулира и со Адриен Рабио од ПСЖ и Даниеле Басели од Торино.