24фудбал

Официјално: По 25 години Маркизио замина од Јувентус!

Клаудио Маркизио и Јувентус денеска и официјално го раскинаа договорот со што по неверојатни 25 години фубалерот ќе се пресели во друг клуб.

Италија

Маркизио кој во јануари наполни 32 години се помалку имаше место во првиот тим, клубот му излезе во пресрет, го раскина договорот со него и тој денеска без никакво обесштетување ќе си побара нова средина.

„Поминаа 25 години откако Клаудио за прв пат го облече црно-белиот дрес. Тогаш имаше само седум години и луда желба да игра за клубот од неговиот град и глава полна со соништа“, стои во соопштението на Јувентус.

„Неговиот сон за кој како мал често зборуваше беше да го носи истиот дрес пред илијадници фанови, борејќи се за најпрестижните трофеи кои оваа игра може да ги понуди“.

„Откако победуваше со младинските тимови, многу надежниот фудбалер од средниот ред своето деби го имаше во најтешката година за клубот, таа во Серија Б. Следуваше сезона во Енполи по која се врати во Торино и ја чекаше својата шанса која ја зграби со двете раце“.

„Клаудио постигна 37 голови за Јувентус, три пати го освои Италијанскиот Супер Куп, четири пати Купот на Италија и седум пати Скудетото. Тој има 389 настапи во црно-белиот дрес и е на 18. место на вечната клупска листа за фудбалери со најмногу настапи“.

„Ти благодариме за се Клаудио! Ти посакуваме се најдобро!“, стои во дел од соопштението на Јувентус.

Денеска во Италија завршува преодниот рок, ако остане во својата земја, за неколку часа ќе го дознаеме новиот клуб на Маркизио, во спротивно ќе може да се пресели во шпанската или француската лига.