24фудбал

Маркизио извади слика од детството во дрес на Јуве и изјави: Не можам да престанам да гледам во оваа фотографија! (ФОТО)

Клаудио Маркизио со многу емоции се простува од Јувентус каде помина неверојатни 25 години, од својата седумгодишна возраст до денес кога го напушта Торино.

Италија

Јувентус и Маркизио денеска го раскинаа договорот. Фудбалерот кој од седмата година е во овој клуб, ќе се пресели во нова средина каде што ќе добие поголема минутажа. 

Емотивно беше соопштението на Јувентус, но уште поемотивна е изјавата на Маркизио напишана на неговиот инстаграм профил.

„Илијадници мисли и илијадници слики поминаа низ мене ноќта. Не можам да престанам да ја гледам оваа фотографија и овие ленти на кои ја напишав мојата животна приказна како маж и фудбалер. Го сакам овој дрес до тој степен што убеден сум дека на прво место секогаш е она што е најдобро за тимот. Секогаш. Кога имам тежок ден како овој, секогаш цврсто се држам до овој принцип. Вие сте најубавиот дел од оваа прекрасна приказна, па поради таа причина за неколку дена ќе можеме да се поздравиме на посебен начин. Најпосле, 8 е ништо друго освен бесконечен број кој гледа нагоре“, напиша Маркизио и објави фотографија од дете како го носи дресот на Јувентус.