24фудбал

Ферхан Хасани конечно најде нов клуб, ќе го носи дресот на Ал Реад

Македонскиот репрезентативец и поранешен фудбалер на Шкендија, Ферхан Хасани кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија откако денеска стави потпис на договор со Ал Реад.

Англија

Хасани стави потпис на договор со Ал Реад според кој ќе има годишна плата од 1.200.000 евра.

По завршувањето на минатата сезона тој си замина од Шкендија но не му одеше лесно пронаоѓањето на нов клуб. Се шпекулираше дури дека може и да се врати во тетовскиот клуб.

Откако не успеа да се договори со неколку екипи европски екипи, Хасани среќата ќе си ја побара во Саудиска Арабија во клубот Ал Реад.