24фудбал

Официјално: Милан промовира уште две засилувања во последниот ден од преодниот рок

Милан може да се пофали со солиден летен преоден рок, клубот денеска промовираше уште две нови засилувања за идната сезона.

Италија

Од денеска нови росонери се Диего Лаксалт кој во Милан пристигнува од Џенова и Сему Кастиљехо од Виљареал.

Милан го купи Лаксалт од Џенова за 18 милиони евра. Тој кариерата во Серија А ја почна во Интер во 2013 година. Потоа се пресели во Џенова за која одигра 117 натпревари и постигна 12 голови.

Тој може да игра по цела лева страна. Како класичен бек, офанзивен бек или да биде дел од напаѓачко трио кој ќе делува по левата страна.

Милан го потврди трансферот и на Саму Кастељехо од Виљареал, во спротивен правец оди Карлос Бака.

Кастељехо е фудбалер кој најчесто игра како десно крило. Тој помина три сезони во Виљареал, одигра 127 натпревари, постигна 11 голови, имаше и 15 асистенции.