24фудбал

Леонардо се огласи по најавите за трансфер бомба на Милан и ангажман на Милинковиќ Савиќ

Техничкиот директор на „Росонерите“, Леонардо попладнево ги прокоментира гласините за голема зделка во 5 до 12, Бразилецот ги разочара фановите и соопшти дека никогаш не се воделе преговори за ангажман на Сергеј Милинковиќ Савиќ

Италија

Вчера во доцните вечерни часови проструи шпекулација дека Милан со Лацио се договорил за трансфер на Сергеј Милинковиќ Савиќ на Сан Сиро. Се говореше дека за денеска дури и биле закажани лекарски прегледи во клиника во Милано, но ваквите вести се покажаа како неточни.

„Никогаш не сме преговарале со Лацио за Сергеј Милинковиќ Савиќ. Разговарав само со неговиот агент, Кежман, кој добро го познавам. Никогаш не преговаравме со Лацио бидејќи беше невозможно да изведеме една ваква зделка, потребна е голема сума на пари и не можеме да си дозволиме ваква инвестиција поради параметрите кои ги постави УЕФА“ - истакна попладнево Леонардо и ги разочара фановите.