24фудбал

Раниери ќе му биде нов тренер на Ристовски и ќе му донесе легендарен соиграч во одбраната!?

Според португалските медиуми, човекот кој на Лестер му донесе сензационална титула во Премиерлигата, Клаудио Раниери ќе биденов тренер на Спортинг Лисабон.

Останато

„А Бола“ пишува дека фаворитот за претседател на Спортинг, Мадеира Родригез веќе има договор со Раниери, и ако се остварат очекувањата дека тој ќе ги добие изборите кои ќе се одржат на 8. септември, Италијанецот ќе стане нов тренер на тимот.

Раниери во моментов е слободен тренер откако по завршувањето на минатата сезона го напушти Нант.

Португалскиот весник додава дека Раниери со себе ќе го земе и Џон Тери, легендата на Челси треба да му стане соиграч на нашиот Стефан Ристовски.

37-годишниот фудбалер е слободен агент откако по крајот на минатата сезона си замина од Астон Вила.