24фудбал

„Што пушат во Неапол?“ - сопственикот на Рома му го „плесна“ на газда Де Лаурентис (ФОТО)

На повидок е „војна“ помеѓу Рома и Наполи откако пристигнаа сериозни обвинувања од страна на Аурeлио Де Лаурентис а Џејмс Палота одговори со провокација

Италија

Пред почетокот на новата сезона во Серија А, сопствениците на Наполи и Рома се препукуваат преку медиумите.

Првиот „удар“ го зададе контроверзниот Аурелио Де Лаурентис, кој обвини дека сопствениците на Ливерпул ја поседуваат и Рома, па овие клубови не треба да настапуваат во Лигата на шампионите.

„Отсекогаш сум се сомневал дека вистинскиот сопственик на Ливерпул исто така е сопственик и на Рома. Една мала птичка ми шепна на уво за ова пред неколку години. Ако ова е точно, и имаат ист сопственик, Ливерпул и Рома не треба да играат заедно во Лигата на шампионите“ - истакна денеска газдата на Наполи.

Попладнево следуваше одговорот од Рим, „Волчицата“ на Твитер објави кратка изјава од Џејмс Палота.

„Што пуши Аурелио Де Лаурентис во Неапол? Ако повторно ја начека малата птичка сигурно ќе дознае дека исто така ја поседуваме и Барса и Баерн“ - порача бизнисменот од САД.