24фудбал

Преодниот рок во Италија заврши, Несторовски не се врати во Серија А

Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски не направи трансфер во клуб од Серија А ова лето иако се поврзуваше со неколку екипи.

Италија

Денеска заврши преодниот рок за екипите од Серија А, ниту една од нив не го ангажираше нашиот фудбалер, Илија Несторовски.

Последните шпекулации поврзани со него велеа дека е блиску до потпис со Удинезе, но тоа не се случи.

Сепак се уште постојат шанси Несто да ја напушти Серија Б со оглед на тоа дека преодниот рок во Шпанија, Франција и Германија трае до 31. август.

Во наредниот период останува да видиме дали Несторовски ќе се пресели во поквалитетна лига или ќе остане во Палермо со кој повторно ќе се бори за влез во најдобрата италијанска лига.