24фудбал

Оспина од Арсенал се пресели во Наполи

Во последниот ден од преодниот рок во Италија, Наполи го ангажира голманот на Арсенал, Давид Оспина.

Италија

Арсенал во летниот трансфер период го ангажираше Бернд Лено од Баерн Леверкузен, па Оспина го загуби и резервното голманско место во лондонскиот клуб.

Наполи имаше потреба од голман, не успеа да го купи Алисон, но во последен момент прашањето го реши со ангажман на Оспина.

Колумбиецот во следната сезона ќе игра на позајмица во Наполи но во договорот има опција и комплетно да биде откупен.