24фудбал

Барди и Леванте тргнаа победнички во новата сезона (ВИДЕО)

Леванте стартуваше со големите три бода, тимот во кој игра нашиот Енис Барди победи со 3-0 на гостувањето кај Бетис во Севиља.

Шпанија

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди ги одигра сите 90 минути на натпреварот, покажа голема борбеност, но немаше влијание при постигнувањето на погодоците на Леванте.

Натпреварот беше отворен во 37. минута кога по асистенција од Џејсон, Роџер од непосредна близина ја смести топката во мрежата за водство на Леванте од 1-0, тоа беше и првиот гол во новата сезона во Примера.

По девет минути игра во вториот дел, напаѓачот Моралес со топката претрча неверојатни 77 метри и постигна гол за водство на гостите од 2-0.

Леванте играше многу организирано и борбено, па немаа проблем да го задржат водството и да запишат три бода.

Не само што ја задржаа предноста, туку во 95. минута со уште еден гол на Моралес славеа убедлив триумф од 3-0.

Претходно се одигра дуелот меѓу Жирона и Ваљадолид кој заврши без голови 0-0.

Погледнете го фантастичниот погодок на Моралес за 0-2: