24фудбал

Бразилскиот селектор направи нешто што не се случило точно 100 години

Селекторот на бразилската репрезентација, Тите направи нешто што ниту еден негов колега не го направил во изминатите 100 години.

Јужна Америка

Тите го повика 22 годишниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Андреас Переира, тој е бразилски фудбалер кој не е роден во Бразил туку во Белгија.

Досега само тројца фудбалери кои биле родени надвор од Бразил добиле повик од бразилски селектор. Андреас Переира е четвртиот, а поминале точно 100 години од претходниот ваков случај.

Тој им се приклучува на Сиднеј Пулен роден во Англија, Касемиро до Амарал роден во Португалија и Франсиско Полисеу роден во Италија кои играле за бразил во периодот од 1914 до 1918 година. Отогаш немало ваов случај.

Переира е повикан за натпреварите на Бразил против САД и Салвадор.

Переира до 2015 година играше за младите категории на Белгија, а потоа од ФИФА побара промена на спортското државјанство за да може да игра за Бразил.

„Моето срце е бразилско“, изјави Переира кој досега има одиграно девет натпревари за У20 и У30 репрезентациите на Бразил и постигнал три гола.