24фудбал

Тотенхем го скрши отпорот на Фулам, победи забележаа и Евертон, Лестер и Борнмут (ВИДЕО)

Завршија четирите предвидени натпревари од второто коло во Премиерлигата од стандардниот термин во 16 часот, три домашни победи, и една гостинска, честа на гостите ја одбрани Борнмут и тоа со пресврт.

Англија

По воведниот меч за денеска кој заврши без голови помеѓу Кардиф и Њукасл, во редовниот термин од 16 часот се одиграа уште четири средби, во кои домаќините доминираа со три победи, имаше и една гостинска.

Тотенхем со 3-1 беше подобар од старо-новиот Премиерлигаш Фулам кој немаше сили до изненадување од таа средба.

Лукас Мура со убав гол донесе водство за Тотенхем од 1-0 на две минути пред паузата, а по само седум минути во второто полувреме Митровиќ израмни на 1-1, но тоа беше сешто гостинската екипа стори на мечот.

Во продолжение Трипие во 74. минута повторно ги врати домаќините во водство, овој пат од 2-1, а три минути подоцна Кејн ги постави конечните 3-1 од мечот на Вембли арената во Лондон.


 

Резултати:

Кардиф – Њукасл 0:0

Евертон – Саутемптон 2:1 (Волкот 16, Рикарлисон 31’ ; Ингс 54’)


Лестер -  Волверхемптон 2:0 (Доерти /автогол/ 29’, Мадисон 45’)

Вест Хем – Борнмут 1:2 (Арнаутовиќ 33’ ; Вилсон 60’, Кук 66’)


Тотенхем – Фулам 3:1

 

Од 18,30 часот Челси на домашен терен го пречекува Арсенал во дербито на колото, а утре се среќаваат Барнли – Ватфорд, Манчестер  Сити – Хадерсфилд и Брајтон -  Манчестер јунајтед. Второто коло се комплетира во понеделник со дуелот помеѓу Кристал Палас и Ливерпул.