24фудбал

Мората откри зошто не бил добар минатата сезона и верува дека оваа ќе биде сосема поинаква

Челси има одличен старт на новата сезона со две победи во првите две кола од кој едната е во лондонското дерби против Арсенал.

Англија

Мората импресивно ја почна кариерата во Челси со седум гола во првите седум меча, но потоа следуваше голем пад, особено после Божиќ. Потоа даде само три гола во 23 меча, а Челси не успеа да се пласира меѓу четирите најдобри, го загуби и местото во националниот тим на Шпанија.

Се шпекулираше дека Мората ќе си оди летово, се поврзуваше со враќање во Шпанија или Италија, но тој остана.

„За мене беше полесно да се вратам во Шпанија или Италија, сите луѓе таму веруваат во мене, но сакав да ги променам работите тука“, вели Мората.

„Не сакав тоа да го направам за сите кои ме мразат, туку за мене и за Челси. Челси ми даде се што ми е потребно и сега сакам да им вратам“.

„Најважната работа ми е начинот на игра. Минатата сезона игравме на директни топки и што не е мојот најдобар квалитет. Сега можам да го нападнам просторот, да одиграм на еден допир и да одам во шеснаесетникот за додавање. Овој стил е подобар за мене“.

„Сари сака постојано да работиме со топка а кога ја имате топката напаѓачите имаат повеќе шанси“.

„Сакам да дадам повеќе од 30 гола, но преферирам да постигнам 15 или 20 и да ја освоиме Премиерлигата или некој друг голем трофеј“.

Мората беше еден од стрелците на натпреварот против Арсенал кој Челси го доби со 3-2.