24фудбал

Рома се пошегува на сметка на Џеко и му порача: Поработи малку на ова... (ВИДЕО)

Веќе е познат иновативниот и доста интересен пристап на тимот од Рим на социјалните мрежи, од клубот се пошегуваа со нивниот напаѓач кој им донесе три бода на стартот од новата сезона во Серија А.

Италија

Един Џеко во 89. минута обезбеди победа за Рома од гостувањето кај Торино во првото воведно коло од новата сезона во Серија А, но босанскиот напаѓач се најде на мета за шега од сопствениот клуб.

Од Рома на социјалните мрежи објавија видео на кое пишаа: Техника на волеј... Перфектна, Техника на прослава... Потребна е мала работа на тоа...“, стои во нивната објава, а има и зошто, Босанецот при прославата се мачеше да го соблече дресот при прославата...