24фудбал

Илиевски: Ова е подмладен состав, вовед за следниот циклус

Селекторот на Македонија до 21 година, Добринко Илиевски вели дека во селекцијата повикал играчи од генерацијата до 19 години со цел да почне да гради тим за следниот квалификациски циклус.

Македонија

Илиевски денеска го објави списокот на фудбалери за квалификациските мечеви со Србија и Ерменија. Македонија одамна ги загуби сите шанси за добар пласман, па новиот селектор повеќе размислува за следниот циклус.

„Не очекуваат два натпревари од тековниот квалификациски циклус, против Србија на гостински терен и против Ерменија во Скопје. Ова  е подмладен состав на Македонија до 21 година и на некој начин вовед за следниот квалификациски циклус и идните предизвици кои ја очекуваат оваа репрезентација. Голем дел од фудбалерите се од генерацијата `99 и помлади и имаа одлични настапи во Елитната фаза квалификации до 19 години“, истакна Илиевски. 

„Србија е непоразена, односно нема загубено бод во квалификациите и ќе настојува со сите сили да го освои првото место и да се пласира на ЕП. Нашите шанси за висок пласман се загубени, но сериозноста во пристапот не е намалена. Нашите амбиции и желби се исто тата големи за да се направи добар резултат, да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција. Секој освоен бод ќе значи многу за подобрување на пласманот и ќе се обидеме максимално да се подготвиме за натпреварите“.