24фудбал

Пјаниќ го продолжи договорот со Јувентус

Падна мошне важен потпис во редовите на Старата Дама, клубот и официјално ги разреши сите дилеми околу иднината на еден од своите најдобри фудбалери.

Италија

Како што се очекуваше, а воедно и најавуваше, Миралем Пјаниќ и официјално го продолжи договорот со италијанскиот првак Јувентус до јуни 2023. година.

28 годишниот офанзивец во редовите на Старата Дама е веќе две години откако се активираше неговата откупна клаузула од договорот со Рома, во Италија пренесуваат дека Босанецот ќе заработува 6,5 милиони евра на годишно ниво, дополнително и бонуси во новиот договор со тимот од Торино.

Пјаниќ имаше договор со Јувентус до 2021. година а во истиот имаше годишна плата од 4,5 милиони евра, но челниците на клубот брзо реагираа по сезасилениот интерес за нивниот фудбалер, особено од ПСЖ и Барселона кои беа сериозни во намерите.

Босанецот реализираше 92 настапи за Јувентус, на кои постигна 15 погодоци, а истовремено запиша и 28 асистенции.