24фудбал

Вилијан бил понуден на Реал Мадрид, Кралевите одбиле поради една причина

Европскиот првак се уште има време кое може да го искористи за да доведе голема ѕвезда во своите редови со која би пополнил голема дупка во тимот по заминувањето на Роналдо.

Шпанија

Преодниот рок за Англија заврши, но, не и за Шпанија, од таму пристигнуваат информации дека Бразилецот од редовите на Челси, Вилијан му бил понуден на Реал Мадрид, клуб кој живее во нова ера, без Кристијано Роналдо во своите редови.

Сумата која му била понудена на Кралскиот клуб изнесувала 80 милиони евра, од кои 10 милиони евра би требало да легнат на сметката на агентот на Бразилецот, а гигантот според шпекулациите имал причина зошто да ја одбие оваа понуда.

Наводно Вилијан не бил профил на фудбалер каков што бараат во Мадрид, Бразилецот пред неколку седмици веќе наполни 30 години, па извесно е дека Реал Мадрид во него не гледа профил на фудбалер како во Нејмар, Мбапе, па дури и Азар.

Во изјава за медиумите, Вилијан истакна дека негов приоритет е да остане во Челси, но, доколку клубот сака да го продаде, тука се менуваат сите работи, додаде дека секогаш бил чист во тоа што посакувал да остане во клубот.