24фудбал

Кога го донесоа а веќе го продаваат, Милан му бара нов клуб на Халиловиќ

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Милан сака да се раздели со Ален Халиловиќ, Хрватот веќе бил понуден на Жирона и Еспањол

Италија

22 годишниот фудбалер од средниот ред ова лето беше едно од првите нови имиња кои пристигнаа на Сан Сиро и беше најавен како големо засилување за иднината на „росонерите.

Но откако во последните денови од предниот рок беше ангажиран Саму Кастиљехо од Виљареал, Ален Халиловиќ повеќе не е дел од плановите на Џенаро Гатузо и Милан сака да се раздели со играчот уште овој месец.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека клубот од Милано веќе го понудил Ален Халиловиќ на Жирона и Еспањол.