24фудбал

Милан ова лето одбил голема понуда за Кеси

Росонерите изминатите неколку седмици имале постојани разговори со фудбалерот од средниот ред околу подобрување на условите во неговиот договор со клубот.

Италија

Калчомеркато известува дека италијанскиот калчолигаш Милан во летниот преоден рок кој веќе истече и за Англија и за Италија, одбил висока понуда од старо-новиот Преимерлигаш Вулверхемптон за Франк Кеси, фудбалерот од средниот ред.

Според информациите кои во јавноста ги пласираше горенаведениот медиум, Премиерлигашот понудил 40 милиони евра и додатно 20 милиони евра во бонуси за интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска.

Лани тимот од Милано го ангажираше Кеси на позајмица со опција да го откупи целосно неговиот договор за 20 милиони евра, а 21 годишниот фудбалер за брзо стана важен дел од играта на Росонерите.

Се шпекулира дека интерес за Кеси имало и од страна на Атлетико Мадрид, но, шпанскиот прволигаш не испратил понуда за него, а Милан од друга страна имал постојани разговори со фудбалерот изминатите неколку седмици за да се подобрат условите во неговиот договор со клубот.