24фудбал

Два ривали на Арсенал под будно око ја следат ситуацијата со Ремси

Велшанецот се уште нема ставено потпис на нов договор со Топчиите, преговорите траат подолг период, а ситуацијата од страна под будно око ја следат два ривали на тимот од Лондон.

Англија

Со само една година во неговиот актуелен важечки договор со Арсенал, Арон Ремси и натаму е во преговори со клубот за ставање на потпис на нов договор и продолжување на соработката и верноста со Топчиите.

Сепак, разговорите се водат веќе една година, постојано имаше шпекулации за пресврти во преговорите, но, до овој момент се уште не дојде до потпис на Велшанецот, па тој од ден во ден е се поинтересен за повеќе гиганти.

На Островот шпекулираат дека интересот за 27 годишниот фудбалер од средниот ред на Арсенал се зголемува, а како најзагреани за неговите услуги се споменуваат  Челси и Манчестер јунајтед.

Арсенал повторно е во проблеми како и лани, Манчестер јунајтед тогаш ја искористи ситуацијата со Алексис Санчез, го договори Чилеанецот, но и му исплати обештетување на Арсенал за тој трансфер да се реализира пред лето, но, Месут Озил прифати нов договор со многу поповолни услови во договорот со Топчиите.

Шпекулациите велат дека Велшанецот бара двојно повисока плата од сегашната која на неделно ниво му изнесува 110,000 фунти.