24фудбал

Османи со нова формација против Розенборг, Ибраими доби друштво во нападот

Шкендија нема да се брани во Норвешка на првиот дуел против Розенборг, Османи се реши за нешто поофанзивна варијанта во формациската поставеност која претходно бевме навикнати да ја гледаме во поинакво светло.

Македонија

Македонскиот првак Шкендија вечерва гостува кај Розенборг во финалните квалификации за пласман во групите од Лига Европа, дуелот стартува со почеток од 20 часот и 45 минути, а веќе ги имаме и почетните состави во обете екипи.

Шефот на стручниот штаб на тетовските црвено-црни, Ќатип Османи направи промени во однос на формациската поставеност, претходната стандардна 4-2-3-1 е заменета со 3-4-1-2, со двајца истурени напаѓачи и тоа во Емини и Ибраими, потмомогнати од Нафиу кој ќе игра веднаш зад нив.

Направена е промена и на крилата, па така, Жуниор од левата страна ќе биде префрлен на десната, а од спротивната страна ќе игра Мици, кој во дуелот против Салцбург играше нешто поназад, односно, како лев бек.

Адили очигледно покажа позитивно издание во дуелот против Салцбург, па така иако претходно го менуваше повредениот Мурати, и покрај враќањето на вториот, Адили повторно се најде во почетниот состав кој вечерва ќе го изведе Османи.


Шкендија: Захов, Алими, Муслиу, Тотре, Мурати, Жуниор, Емини, Мици, Адили и Нафиу.

Дуелот на Леркендал арената во Трондхајм ќе го суди израелскиот аритар Орел Гринфилд.