24фудбал

Зидан им се доверил на пријателите за можноста да го наследи Мурињо на кормилото на Манчестер јунајтед

Зинедин Зидан се споменува како една од опциите за наследник на Жозе Мурињо а Французинот на пријателите им се доверил дека е заинтересиран за можноста да седне на кормилото на гигантот од Олд Трафорд.

Англија

Според обложувалниците, Жозе Мурињо е прв фаворит да добие отказ во Премиерлигата. „Специјалниот“ е во лош однос со извршниот потпретседател Ед Вудворд откако ова лето не му беа донесени играчите кои ги побара, а затегнат однос има и со првата ѕвезда на тимот, Пол Погба.

Притисокот се зголеми откако „Ѓаволите“ загубија на гостувањето кај Брајтон минатиот викенд, и иако Португалецот не помислува да се повлече, се верува дека лидерите на Манчестер јунајтед веќе имаат стокмено листа со можни наследници.

На неа се наоѓа Зинедин Зидан, и според Дејли Мејл, Французинот на блиски пријатели им се доверил дека очекува понуда доколку Жозе Мурињо добие отказ во следните месеци.

Популарниот Зизу исто така на пријателите им соопштил дека е заинтересиран за можноста да седне на кормилото на гигантот од Олд Трафорд доколку му се укаже шанса.