24фудбал

Инциденти во Атина, избоден навивач на Барнли

Четири навивачи на Барнли настрадале пред почетокот на вчерашниот натпревар од квалификациите во Лига Европа, еден од нив бил прободен со нож.

Лига Европа

Олимпијакос го победи Барнли со 3-1, но кога грчките екипи се домаќини вообичаено станува да има и инциденти пред или после натпреварите, така беше и вчера.

Четири навивачи на Барнли настрадале од фанови на Олимпијакос.

Еден од нив го извлекол подебелиот крај, бил прободен со нож, а други тројца биле претепани и ограбени.

Прободениот навивач добил медицинска помош во стадионот, со неколку конци му биле сошиени раните добиени од убодите со нож.

Грчката полиција вчера имаше полни раце работа, тие уапсиле 23 навивачи на Барнли кој во алкохолизирана состојба го нарушувале јавниот ред и мир и одбивале да ги почитуваат правилата кои биле воспоставени за гостинските навивачи.

Повеќе од 900 навивачи на Барнли вчера беа присутни во Атина за да го бодрад својот тим против Олимпијакос.