24фудбал

Милан водеше со 2-0 на Сан Паоло, на крајот Наполи се радуваше на победа (ВИДЕО)

„Росонерите“ прокоцкаа голема предност на гостувањето кај Наполи, домаќините со пресврт стигнаа до триумф од 3-2 во дербито на второто коло од Серија А

Италија

Многу возбуда, пет гола и победа за Наполи во вториот денешен натпревар од Калчото. Милан, кој не настапи во првото коло откако мечот со Џенова беше одложен по големата трагедија и урнатиот мост, вечерва го имаше својот прв меч од новата сзона и започна одлично.

Бонавентура донесе предност на гостувањето на Сан Паоло во 15. минута, а гостите на стартот од вториот дел стигнаа и убедлива предност од 0-2 преку Калабрија.

Наполи сепак не се откажа, Зјелински во 53. минута ги врати домаќинтие во игра а истиот играч донесе 2-2 во 67. минута. Избраниците на Анчелоти потоа ја искористија психолошката предност и со голот на Мертенс во 80. минута стигнаа до три бода.